На 05.11.2024 симболично беше одбележан Патрониот празник на нашето училиште.
Нека ни е честит и вековит Патрониот празник на училиштето!
Нека е честит и вековит споменот на Здравко Цветковски – роден на 5 ноември 1921 во Скопје – архитектонски техничар, македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ!
Нашите чествувања да траат и да бидат трајни како што се трајни ликот и делото на нашиот патрон.


