На 28.10.2024 во нашето училиште се одржа есенската Крводарителска акција, при што имаше огромна заинтересираност и 28 крводарители – ученици и вработени.
Акцијата беше организирана од страна на тим од училиштето, волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст – Општинска организација Карпош и Институтот за трансфузиона медицина.



