Камп за учење на ОБСЕ United4Change

За да се донесе вистинска промена во училиштата, треба да се започне со младите.

Кампот за учење на ОБСЕ United4Change во периодот од 16 до 19 октомври во Охрид ги собра учениците од мултиетничките заедници за да преземат акција.
Преку оваа иницијатива, тие ја движат промената за инклузија и почит во нивните училишта.

Учесниците во кампот изградија вештини за решавање на конфликти, медиумска писменост и критичко размислување, а се справуваа и со прашања како родово насилство, говор на омраза и стереотипи.

Учениците Андреј Арсовски, Ива Анѓелова и Рон Османи беа учесници од нашето училиште под менторство на професорката Гордана Стоименов