м-р Стево Павловски – (в.д. Директор)
м-р Стево Павловски е роден на 07.12.1980 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Магистер по филолошки науки (2014) на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности во Скопје.
Автор е на книгите „Дискурсот на шокот во македонската постмодерна драма“ (2017), „Одблесоци од средновековната и од народната ризница“ (2019); учебникот „Драмска уметност“ (2025), драмските текстови „Последниот лет за Европа“ (2020), „Фотелја„ (2023) расказите „Вистина“, „Приказната за Менахем и Бјел“, „Фотографија“ и „Спомен“, како и на голем број стручни и научни трудови кои ги објавува во списанијата „Театарски гласник“, Современост“, „Македонски фолклор“, „Зенит“, „Литературен збор“ и др.
Во 2022 година е прогласен за најуспешен професор во училиштето СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“, за што добива и признание од Град Скопје за покажани исклучителни резултати во работата и афирмацијата на училиштето и професијата.
Во учебната 2023-2024 ја извршува функцијата раководител на настава во СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“-Скопје.
