Средното градежно училиште СГГУ ГС Здравко Цветковски е извор на млади градители и идни инженери, а минатиот месец имаше потреба од помош во санација на дотрајан и обрушен таван во училницата за компјутерска графика. Кнауф Македонија донираше и изведе таван со оптимални акустични параметри за непречена настава.
Чест ни беше да помогнеме во образованието на иднината на градежништвото.




