Конкурс за избор на најдобри ученички ликовни, литературни и истражувачки творби

По повод новогодишните и божиќните празници, нашето училиште организираше натпреварувачки Конкурс за избор на најдобри ученички ликовни, литературни и истражувачки творби   (цртеж, поетска творба, есеј и проект), наменет за учениците од деветтите оделенија во Скопје.

На ден 13.12.2023 година беше организиран настан со богата музичко-културна програма, на кој свечено беа доделени наградите на најдобрите ученици и нивните ментори.

Преку фотографии Ви доловуваме дел од прекрасната атмосфера, исполнета со многу детски насмевски, среќа и љубов.