Креативна работилница + Хуманитарна акција = Супер настан

По повод празникот Велигден, на 12.04.2023 год., во нашето училиште се одржа креативна работилница на која околу 30 ученици од македонските и албанските паралелки заедно цртаа и украсуваа јајца со различни материјали и техники. Учениците навистина се забавува во креативното изразување и се дружеа меѓу себе.
Овие јајца понатаму беа изложени во Наставничка канцеларија каде вработените во училиштето можеа да ги купат, по цена – доброволна донација за помош на 19-годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево, општина Гази Баба кој боледува од карцином на коските.
Активноста ја организираа Марија Боева – проф. по англиски јазик, Мартина Самболец – училишен психолог, Мелита Чаушоска и Висар Исени – професори по ликовна уметност.