Раководство


Драгица Костадиновска - (Директор)

Професор по спорт и спортски активности и Магистер за образовен менаџмент. Раководи и ги координира сите активности во училиШтето. Се грижи за финансиските и воспитно-образовните активности, за соработката со стопанските субјекти, организира хуманитарни настани.

Билјана Богданоска - (Помошник Директор)

Професор по македонски јазик и литература и помошник директор. Веќе 18 години е просветен работник следејќи ги новитетите во воспитно-образовниот процес. Активно учествува во сите проекти во училиштето, а особено успешно го спроведе Проектот за модернизација на образованието.

Урим Мејзини - (Помошник директор)

Помошник директор и наставник по стручни предмети од градежната струка. Учествувал во повеќе проекти: Проектот за модернизација на образованието, Проектот на УСАИД за обука на наставниците; Во центарот за средно стручно образование работел во подготовката на екстерните тестови за средно стручно образование.

Соња Стефановска - (Раководител на наставата за стручни паралелки)

Професор по стручни предмети од градежна струка. Активно учествува во повеќе проекти, секретар за Државна матура, одговорна за Проектантското биро во училиштето, автор и рецензент на повеќе стручни учебници.

Виолета Марцекиќ-Алексовска - (Раководител на наставата)

Професор по математика. Во училиштето се грижи за квалитетно одвивање на наставните и воннаставните активности и реализација на наставните планови и програми во училиштето.