Интегрирање на електронското учење во училниците

Интегрирање на електронското учење во училниците

Средното градежно гимназиско училиште на Град Скопје “Здравко Цветовски” се јавува како партнер во проектот „Интегрирање на електронското учење во училниците", чиј носител е Штипскиот универзитет „Гоце Делчев" а со поддршка на Еразмус плус програмата. Другите партнери во овој значаен проект за образованието се : Техничкиот универзитет од Софија, гимназијата „Добре Даскалов" од Кавадарци, Втората јазична гимназија во Софија, и гимназијата „Курт Николин" од Шведска. Основната цел е да се зголеми знаењето на вработените во средните училишта во користењето на информатичките технологии во наставата, преку примена на електронското учење и креирање на дигитални содржини во форма на онлајн отворени образовни ресурси. Директорката на СГГУГС “Здравко Цветовски”, г-ѓа Драгица Костадиновска изјави дека “со овој проект соработката меѓу средните училишта во регионот, па и пошироко, ќе се прошири и зајакне и дека размената на информации и споделување искуства е најбитен елемент во образовниот систем. Наставниот кадар кој ќе биде опфатен со обуката, несебично ќе го сподели стекнатото знаење со другите колеги и на тој начин, во иднина добиваме професори чии компетенции за примена на информатичките знаења ќе биде на повисоко ниво. Училиштето е активен учесник во други проекти, но и носител на други проекти, кои се најголема придобивка за идните генерации ученици.“ Носител на овој проект е Универзитетот Гоце Делчев, а целта е да се создаде и направи подобра соработка меѓу средните училишта во регионот, потоа да се зголеми капацитетите на наставниот кадар во средните училишта кои се партнери во проектот. Се очекува, во почетокот, околу 30 наставника да се здобијат со зголемени компетенции за примена на Информатички комуникациски технологии во самата настава. Исто така, подоцна ќе се развијат отворени едукативни ресурси во облик на презентации, мултимедија, филмови, фотографии и текстови, се што може да се примени за одреден број на предмети, кои се исти за сите, без разлика дали се во Бугарија, Шведска или Македонија. Математиката е математика, биологијата е биологија, хемијата е хемија. Планирано е да се создадат пет наставни програми со околу 30 отворени едукативни ресурси. Во рамките на проектот од Еразмус програмата предвидени се четири обуки, преку кои наставниците од средните училишта, кои се партнери во проектот, ќе се обучат за користење на Информатичко комуникациските технологии во рамките на наставните програми, а училиштата ќе добијат напредна наставна методологија, со што на учениците ќе им биде полесно електронското учење, а учениците и студентите ќе можат да користат лекции кои ќе бидат посовремени и полесни за користење. евра. Првите работилници се планирани за крајот на ноември во Бугарија, а потоа следуваат следни дообуки кои ќе бидат организирани во Македонија и Шведска.