Полагање на државна, училишна матура и завршен испит – стручно и гимназија

Ø      Презентацијата и одбраната на проектната задача за учениците од гимназиско и средно стручно образование се реализира во периодот од 14 март до 25 април 2018 година

Екстерните испити од државната матура во гимназиското и четиригодишното стручно образование во јунскиот испитен рок се спроведуваат во следниве термини:

– англиски јазик, француски јазик, германски јазик, односно руски јазик на 2 јуни 2018 година со почеток во 10 часот;

– македонски јазик и литература, албански јазик и литература, односно турски јазик и литература на 9 јуни 2018 година со почеток во 10 часот;

– хемија, физика, биологија, историја, филозофија и бизнис на 11 јуни 2018 година со почеток во 10 часот;

– математика на 13 јуни 2018 година со почеток во 10 часот.

Ø      Училишната матура во гимназиското, и завршниот испит во стручното образование во јунскиот испитен рок ќе се реализира:

– задолжителен дел (македонски јазик и литература и албански јазик и литература) на 12 јуни 2018 година со почеток во 9 часот.

Ø      За термините за интерните испити од државната матура, учениците ќе бидат дополнително известени.