Драгица Костадиновска - Директор

Професор по спорт и спортски активности и на постдипломски студии за училишен менаџмент. Раководи и ги координира сите активности во училиШтето. Се грижи за финансиските и воспитно-образовните активности, за соработката со стопанските субјекти, организира хуманитарни настани.

Билјана Богданоска - Помошник директор

Професор по македонски јазик и литература и помошник директор. Веќе 18 години е просветен работник следејќи ги новитетите во воспитно-образовниот процес. Активно учествува во сите проекти во училиштето, а особено успешно го спроведе Проектот за модернизација на образованието. Сега го имплементира проектот Компјутер за секој ученик. Освен тоа, ги фотографира и документира сите настани во училиштето и надвор од него. Се грижи за практичната настава во стручните паралелки и за сите тековни работи помагајќи им и на професорите и на учениците квалитетно да ги реализираат наставните и воннаставните активности.

Урим Мејзини - Помошник директор

Помошник директор и наставник по стручни предмети од градежната струка. Учествувал во повеќе проекти: Проектот за модернизација на образованието, Проектот на УСАИД за обука на наставниците; Во центарот за средно стручно образование работел во подготовката на екстерните тестови за средно стручно образование, и бил рецензент на повеќе стручни учебници. Во училиштето се грижи за наставниците и паралелките со албански наставен јазик.

Виолета Марцекиќ-Алексовска - Раководител на настава

Професор по математика. Во училиштето се грижи за квалитетно одвивање на наставните и воннаставните активности и реализација на наставните планови и програми во училиштето.

Соња Стефановска - Раководител на наставата за стручни паралелки

Професор по математика. Во училиштето се грижи за квалитетно одвивање на наставните и воннаставните активности и реализација на наставните планови и програми во училиштето.