Основна дејност на училиштето е воспитно-образовната.
Образува стручни кадри: архитектонски техничар, градежен техничар и геодетски техничар (четиригодишно образование) и ѕидаро-фасадери, монтери за сува градба и армирачи (тригодишно образование).
Општо образование – гимназија.
Друга дејност на училиштето е изработка и заверка на проектите (градежни документации) за изградба на секакви видови објекти.
СГГУ на град Скопје Здравко Цветковски има лиценцирано проектантско биро и ги врши следниве услуги:
Изработка на идејни и основни проекти со сите фази
Ревизија на основен проект
Изработка на преокти за легализација
Изработка на проекти за употребна дозвола
Изработка на проекти за доградба, надградба и реконструкција
Геодетски елаборати (поединечен упис, нумерички податоци, физичка делба, изработка на ажурирана геодетска подлога, пратење на деформации на објекти)
Заверка на идеен проект и основни проекти со сите фази
Заверка на предмер и пресметка, идеен и урбанистички проект
Заверка на проект за доградба и реконструкција
Заверка на инжинерски проекти од нискоградба, хидроградба и геодетски работи
Заверка на проекти за употребна дозвола
Заверка на проекти за легализација
Со реалната компанија во училиштето вршиме испитување на градежни материјали (бетонски коцки, керамички блокови и др.) и вршиме монтажа на преградни ѕидови и спуштени тавани од Кнауф системи ׭онтажна сува градба, ѕидање ѕидови од керамички блокови, малтерисување, молерисување, фарбање, глетување и сл.
Сите овие и други услуги ги вршиме точно, прецизно и со релативно ниски цени.