При крајот на 1944 година во село Горно Врановци, донесена е одлука за формирање на првото средно техничко – градежно училиште во Македонија за обучување на технички кадар. Во март 1945 година во Скопје на првиот конгрес на македонските техничари предложено е училиштето да го носи името на загинатиот партизан техничар ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ. Во учебната 1944/45 година се формираат градежно – архитектонски, геодетски и електромашински отсеци со 79 ученика, а наставата започнала на 2 април 1945 година. Во наредните години се формирале 10 отсека од сите гранки на техниката со над 100 предмети и фонд на часови заедно со практична настава од 40 до 42 часа неделно. Поради немање учебни помагала, наставниците од училиштето прават напори и издаваат учебници, скрипти, збирки и слично, се со цел да се олесни следњето на наставната програма. Наставата по сите предмети се изведува во кабинети. Од учебната 1945/46 до 1999/00 завршиле вкупно 15120 ученика од кои: градежни техничари високоградба 4979, градежни техничари нискоградба 4215, градежни техничари хидроградба 871, геодетски техничари 7905, градежни лаборанти техничари (четврт степен) 304 и занимања 2872 ученика. Денес училиштето образува стручни кадри (градежни), но има и гимназиски паралелки. Пред десетина години гимназиските паралелки од “Зеф Љуш Марку” на македонски наставен јазик се споија со стручното градежно училиште.