ПРЕЧКРТАЈ НАСИЛСТВО

 

На ден 9-ти февруари во нашето училиште беше одржан настан ПРЕЧКРТАЈ НАСИЛСТВО во рамките на првата генерација на Generation Unlimited – Младинскиот предизвик на УНИЦЕФ, имплементиран од Здружението на граѓани СмартАп, а во организација на тимот СПЕС – еден од 5 -те тимa кои добија шанса да ја реализирааат својата идеја за борба против меѓуврсничко насилство. Организирана беше креативна графити работилница со паралелна панел дискусија. За време на настанот беа вклучени средношколци, артисти, инфлуенсери, социјални работници и психолози. Целта на овој тим, кој е составен од четири средношколци ученици од различни училишта Бојан Љотиќ од С.Г.Г.У. „Здравко Цветковски“, Николија Пехчевска од С.У.Г.С. „Орце Николов“, Мила Трајчева од С.У.Г.С. „Јосип Броз Тито и Сара Стојанова од С.У.Г.С. „Георги Димитров“, е да се подигне свеста против меѓуврсничкото насилство.

 

 

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr