ПАТРОНЕН ПРАЗНИК 05/11/2018

 

Ако ја следиме природата како водач, никогаш нема да залутаме! Оваа моќна порака е наша инспирација за прославување на Патрониот празник на нашето училиште „Здравко Цветковски“.

Почувствувајте ја  природата, поврзете се со неа, вдишете ја секоја убавина којашто таа ни ја нуди! Ако сакаме да го промениме светот, прво треба да тргнеме од самите себе. Така направи и нашето училиште! Купивме велосипед, го украсивме според нашиот вкус, ја истакнавме својата креативна страна, а истовремено направивме и обид да ја заштитиме природата и да не бидеме еден од факторите кои придонесуваат за загадување на животната средина.

 

На патронатот обраќање имаа

Директорката на средното училиште „Здравко Цветковски“ , Атина Томовска

Заменик минестерот за животна средина, господинот Јани Макрадули

Во соработка со Град Скопје, Центарот за стручно образование, Агенцијата за вработување и Центарот за обука на возрасни, од јуни 2018 година, училиштето започна обука на возрасни за посебна образовна програма Оџачар на објекти за домување кои користат цврсто и течно гориво. Во пресрет на грејната сезона, обуката успешно ја завршија 10 кандидати на кои претставникот од Град Скопје, Даниела Адамова им додели сертификати.

Учениците од втора година стручно образование, под менторство на професор Стево Павловски, учествуваа на конкурс од Проект „Мисија Воздух“- Млади репортери за животна средина, за избор на најдобрите новинарски статии, фотографии и видеа на темата аерозагадување, организиран од Град Скопје, МОН. Програмата „Млади репортери за заштита на животната срединa“ има за цел да создаде млади лидери кои преку креирање на новинарски дела (статија, видео и фотографија) и користење на социјалните медиуми како платформи за дистрибуција ќе можат да ја анимираат заедницата, да информираат за проблемите поврзани со аерозагадувањето, да поттикнат дијалог во заедницата и да промовираат иновативни еколошки решенија.

Презентации имаа и претставниците на Go Green и CePro Sard

Следеа модни изработки на нашите креативни ученици

 

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr