МИСИЈА ВОЗДУХ

Учениците од втора година средно стручно образование, под менторство на професор Стево Павловски, учествуваа на конкурс од Проект „Мисија Воздух“- Млади репортери за животна средина, за избор на најдобрите новинарски статии, фотографии и видеа на темата аерозагадување, организиран од Град Скопје, ОХО, МОН (Канцеларија на Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“).

Програмата „Млади репортери за животната средина“ е интернационална програма во сопственост на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) која се спорведува како составен дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ и е наменета за средните училишта. Таа е дизајнирана и прилагодена на возраста, интересите и интелектуалните потреби на учениците и наставната програма за средното образование.

„Млади репортери за заштита на животната срединa“ има за цел да создаде млади лидери кои преку креирање на новинарски дела (статија, видео и фотографија) и користење на социјалните медиуми како платформи за дистрибуција ќе можат да ја анимираат заедницата, да информираат за проблемите поврзани со аерозагадувањето, да поттикант дијалог во заедницата и да промовираат иновативни еколошки решенија.

ЛИНК ЗА ВИДЕО       ВДИШИ ДЛАБОКО

Download (PDF, 54KB)

 

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr