МАКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Единаесет години откако на 16 октомври 2007 година нашата најголема музичка ѕвезда во сообраќајна несреќа го загуби животот кај Нова Градишка, Хрватска, 12-те македонски маратонци, од речиси сите градови на земјава точно напладне пристигнаа во родното Крушево на Тоше Проески за да му оддадат почит.

Маратонецот Наум Капричевски, кој е наш професор вели дека поминале 420 километри низ Хрватска и низ Македонија да стигнат во Крушево на Гумење. И се во чест на Тоше.

– Еве не по 11-ти пат со ултра маратонот во чест на нашата најголема и балканска поп икона Тоше Проески. 12-те маратонци истрчаа преку 420 километри од пред споменикот во Нова Градишка во Хрватска, преку Хрватска, низ Македонија (повеќе од четири години не се трча низ Србија) до Крушево. Потрбни ни беа нешто повеќе од 43 часа. Од Нова Градишка бевме испратени од градските власти, од фановите на Тоше. На стартот имаше дојдено фанови од Загреб кои не бодреа, се дружеа со нас, ни посакаа среќен пат и да собираме сила за в година – рече Капричевски.

На 15/10/2018 ученици и професори од нашето училиште од Плоштадот Македонија во Скопје ги испратиа маратонците кон родното Крушево на Тоше.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr