СРЕДНОШКОЛСКИ ИГРИ

Под слоганот „Заедно во природа“ на Средно Водно  на 06/10/2018 се одржа петтото издание на манифестацијата „Средношколски игри“- 2018, наменета за учениците од средните училишта на Град Скопје, а во организација на ЗГ „СФЕРА“ Скопје.

Манифестацијата вклучи различни натпревари во природа (во крос, во знаење, во уметнички вештини- цртање и фотографирање, креативно пишување, зелени игри, забава…) а со цел подигање на свеста на средношколците за потребата и неопходноста од нивен редовен престој на отворен простор заради подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

На еднодневните игри, учествуваа околу 300 активни учесници од 15 средни училишта од Скопје, каде нашето училиште се здоби со 4 први места и го освои пехарот.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr