УСПЕШЕН СПОРТСКИ НАСТАП ВО НИРНБЕРГ

Во периодот од 1 до 5 октомври нашето училиште беше дел од спортската екипа во збратимениот град Нирнберг, Германија каде се одиграа 7 натпревари во спортовите футсал, кошарка, ракомет во женска и машка конкуренција и одбојка во женска конкуренција.

Средношколските тимови од Скопје беа поуспешни во натпреварувањата, постигнувајќи генерален резултат од 6 победи и 1 пораз.

Покрај спортските натпревари, учениците од Скопје имаа можност да го прошетаат градот Нирнберг и да ги посетат знаменитостите на градот, како и да ја посетат зоолошката градина.

Натпреварите на најдобрите спортски екипи од средните училишта од Скопје во Нирнберг се продолжение на праксата  за организирање вакви натпреварувања,  а во изминатите години се организираа патувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и во Белград.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr