ПРОЕКТ ЗА МИР

 

 

Во рамки на меѓународниот проект за мир, во кој што нашето училиште членува од 2009 год. и истовремено е главен координатор за територијата на Република Македонија, во текот на годината се организираат разни хуманитарни акции, трибини, дебати, работилници, семинари, спортски активности и сл. со кои се шири култура на мир. Но главниот настан од проектот се случи на 08.05.2018 год. во Тревизо, Италија каде што е всушност и седиштето на проектот и на овој настан секое училиште се претставува со една точка преку која треба да се пренесе најуспешно пораката за мир. Ние настапивме со темата „Let the sunshine in“ во која учествуваа 13 ученици и преку пеење и соодветна танцувачка кореографија ја пренесовме пораката за мир. Во навистина силна конкуренција, успеавме да го освоиме второто место. Главен координатор на проектот е проф.по италијански јазик Дијана Виденовиќ а ментор на самиот настап беше проф. по македонски јазик Билјана Тодороска.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr