Уписи 2018

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за запишување ученици во СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“ Скопје

во учебната 2018/2019 година

(прво пријавување прв уписен рок)

Скопје, април 2018 година

Врз основа на член 42 од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 30/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 42/2011, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14 10/15, 98/15,145/15, 30/16 и 127/16),, Законот за стручно образование и обука („Службен весник на Република Македонија” број 71/06, 117/08, 148/09, 17/11, 24/13, 137/13, 41/14 и 145/15), Конкурсот за запишување на ученици во јавните средни училишта во учебната 2018/19 кој го објавува Министерството за образование и наука, во согласност со член 30 од статутот на СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“ запишувањето ученици во училиштето се врши по пат на интерен оглас кој го објавува училиштето и врз основа на Одлуката за објавувување на интерен оглас бр. 02-635/5

Со Огласот за запишување ученици во СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“ во учебната 2018/2019 година е утврдена можноста за запишување ученици според наставните планови и програми за:

  • гимназиско образование (природно – математичко подрачје (комбинација А), природно – математичко подрачје (комбинација Б), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А), општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б), јазично – уметничко подрачје (комбинација А), јазично – уметничко подрачје (комбинација Б),

  • стручно образование (техничко образование – четиригодишно траење, стручно образование за занимање – тригодишно траење и двегодишно траење.

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за запишување ученици во СГГУ на ГС „Здравко Цветковски“ Скопје

во учебната 2018/2019 година

  1. БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

ВО СРЕДНОТО ГРАДЕЖНО ГИМНАЗИСКО УЧИЛИШТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ “ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ”

Во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелки (510 ученици во 15 паралелки со настава на македонски јазик и 204 ученици во 6 паралелки со настава на албански јазик) според наставните планови и програми за:

Гимназиско образование – 204 ученици, 6 паралелки, 60 минимум поени

мак 204 уч. 6 пар.

Градежно-геодетска струка – 510 ученици, 15 паралелки

– архитектонски техничар

мак

68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– архитектонски техничар

алб

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– градежен техничар

мак

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– градежен техничар

алб

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– геодетски техничар

мак

68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– геодетски техничар

алб

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– техничар дизајнер за внатрешна архитектура

мак

68 уч.

2 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– техничар дизајнер за внатрешна архитектура

алб

34 уч.

1 пар.

4 г.тр.

45 минимум поени

– монтер за сува градба

мак

34 уч.

1 пар.

2 г.тр.

30 минимум поени

– монтер за сува градба

алб

34 уч.

1 пар.

2 г.тр.

30 минимум поени

– одржувач на чадоводна инсталација

мак

34 уч.

1 пар.

2 г.тр.

30 минимум поени

– одржувач на чадоводна инсталација

алб

34 уч.

1 пар.

2 г.тр.

30 минимум поени

П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

1

2

3

4

Ред.бр.

С Т Р У К А

Наставни предмети кои се задолжителни

Наставни предмети кои се од значење за струката, односно изборното подрачје

1.

Градежно-геодетска мајчин и странски јазик – математика, физика

2.

Гимназиско образование мајчин и странски јазик
Природно – математичко подрачје (комбинација А) мајчин и странски јазик математика, физика
-Природно – математичко подрачје (комбинација Б) мајчин и странски јазик -математика, биологија
-Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А) мајчин и странски јазик -математика, историја
-Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б) мајчин и странски јазик -математика, историја
-Јазично – уметничко подрачје (комбинација А) мајчин и странски јазик -математика, историја
-Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б) мајчин и странски јазик -математика, историја
* Мајчин јазик: македонски јазик, албански јазик

*При пријавувањето (во пријавата за запишување) учениците треба да изберат две од понудените комбинации за гимназиско образование.

II. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во јавните средни училишта (во натамошниот текст: училишта) во учебната 2018/2019 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука, и со овој Оглас.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо.

За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница.

Условите за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование;

– да не се постари од 17 години;

– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:

а) гимназиско образование;

б) стручно образование и обука;

– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Оглас.

Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во соодветното училиште.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:

-пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);

– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;

– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од (мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје);

– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 18 и 19 јуни 2018 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни 2018 година.

Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2018 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 25 јуни 2018 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.

По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа.

Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 28 јуни 2018 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 29 јуни 2018 година.

За учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, се организира втор уписен рок во месец август, во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 23 август 2018 година, а резултатите од запишувањето на учениците ќе се објават на 24 август 2018 година.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:

среден успех на ученикот од VI до IX одделение;

среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);

дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;

средна вредност од поени добиени за поведение.

Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици од планираниот број со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предметите значајни за струката.

За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).

За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).

За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.

За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).

Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.

Утврдениот број минимум поени за првото пријавување, се составен дел на овој Конкурс.

Училиштата за второто пријавување, можат да го намалат утврдениот број на минимум поени дадени во Конкурсот најмногу до 10 поени, освен за гимназиско образование, економско – правна и трговска струка и здравствена струка.

Училиштата се должни со интерен оглас за второто пријавување да го истакнат утврдениот минимум поени со кои е можно учениците да конкурираат за запишување во определен план и програма. Објавувањето на минимумот поени треба да се изврши на 25 јуни 2018 година за второто пријавување.

За учениците кои завршиле деветто одделение во Република Македонија, а едно, две или три одделенија (VI, VII или VIII одделение) завршиле во странство, за тие одделенија се зема успехот од деветто одделение и важат истите критериуми за избор на ученици дадени погоре.

В.д. Директор,

Атина Томовска

______________

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr