НАСА Проект: Space Apps Challenge 2014

aaaИнтернационалниот настан “NASA Space Apps Challenge” претставува дводневен хакатон за време на кој тимови од технолози, научници, програмери, дизајнери, артисти, претприемачи и студенти низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации за да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

Во Македонија настанот се одржа во Скопје од 11 до 13 април, а од нашето училиште учествуваа професорката по физика Грозданка Саздова како еден од менторите на Наса-проект, како и ученикот Христијан Лубески кој со својот тим ја освои првата награда и со тоа се пласира на меѓународен избор на најдобар Наса-проект. Честитки!

Повеќе информации за настанот можете да погледнете на следниот линк: https://www.facebook.com/SpaceAppsMacedonia?fref=ts

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr
Tagged with: , ,