Републички натпревар во Струга

Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет, а под покровителство на Министерот за образование и наука на РМ се организираше натпреварот на тема ‘Наноматеријали – Материјали на иднината’. Од нашето училиште групата составена од Тамара Димитриевска и Стефан Милошевиќ освои прво место на училишниот натпревар и со тоа се квалификуваше за републичкиот натпревар во Струга. Натпреварот се одржа на 13-14.04.2013 во хотелот Дрим и земаа учество 42 училишни тимови од цела Република Македонија. Сите учесници и училишта добија сертификати потпишани лично од Министерот за образование и наука.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr