Хуманитарен осмомартовски хепенинг

По повод празникот осми март традиционално беше организиран хепенинг со забавна програма и учество на поголем број ученици од нашето училиште. Пред многубројните гости беа изведени повеќе музички, танцови и драмски точки пред се посветени на денот на жената, а целиот настан доби хуманитарен карактер со тоа што собраните средства од продажбата на цветни аранжмани ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Им благодариме на сите што присуствуваа и помогнаа во реализацијата на хепенингот и се надеваме дека и во иднина ќе следат уште многу вакви настани.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr