Организирана посета на Шарпланинскиот куп

Во сабота (23.02.2013) беше организирана еднодневна екскурзија на Попова Шапка и следење на Шарпланинскиот скијачки куп кој оваа година прославуваше 40-годишен јубилеј. Групата броеше 45 ученици и 6 професори. За разлика од претходните години, овој пат временските услови не беа најповолни и Шара не пречека со ветер и врнежи од снег. Сепак тоа не претставуваше никаква пречка за следење на натпреварувачите, како и за многу игри и уживање на снегот. Следуваше мал одмор со топол чај и поаѓање кон дома, со ветување дека повторно ќе го посетиме и следниот куп.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr