Одбележување на значајни настани и личности

Секторот за образование на Град Скопје и годинава ја реализира Програмата за „Одбележување на значајни настани и личности од областа на образованието“, во соработка со 21 средно училиште на Град Скопје. Во рамките на оваа програма,  во просториите на Младинскиот културен центар, на ден 10.12.2012 година се одржа промоција на  драмската претстава „Јордан Хаџи Константинов-Џинот, основач на просветителството во Македонија, истакнат учител, поет, драмски автор, патеписец и собирач на народни умотворби“, работена според сценарио и режија на проф. Стево Павловски, а  во изведба на учениците од СУГС „Здравко Цветковски“

Преку проектот „Одбележување на значајни настани и личности од областа на образованието“ се промовираат вистинските, исконските и вечните вредности на себезапознавање и себепочитување, како и зачувување и негување на мајчиниот јазик, љубовта спрема својата традиција, култура и бит. Воедно со овој проект се дава придонес кон стекнување основни и дополнителни знаења кај средношколците за нашето културно – национално минато, и за посериозна афирмација на овој истакнат претставник на генерацијата на македонските просветители на XIX век.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr