VII Меѓународен фестивал “Утринска ѕвезда” – Банско

Во рамките на поттикнување на креативноста и натпреварувачкиот дух на учениците од СУГС „Здравко Цветковски“ – Скопје, а со цел промовирање на македонската култура и афирмација на македонската држава на меѓународно поле, како и поттикнување и создавање на чувство на одговорност и дружење со децата од другите европски држави, учениците од нашето училиште под менторство на професорката Даниела Георгиевска учестувуваа на Меѓународен фестивал во Банско, Р Бугарија. Фестивалот се одржа во периодот 28-30.11.2012, а истиот имаше и натпреварувачки карактер каде во категоријата за талентирани деца до 16 години во областа на музиката – вокално-инструментални бендови, учениците на СГГУ „Здравко Цветковски“ освоија трето место.

Преку нивниот настап се зајакна дружењето на децата од други држави без разлика на нивниот пол, националност или етничка припадност. Целиот настан беше во организација на Уметничката академија „Деница“, администрацијата на заедницата на Банско, а под покровителство на Министерството за култура на Р Бугарија. Учеството на Фестивалот ги поттикна потребите од понатамошно продлабочување на соработката, но и повторна заедничка средба на децата од повеќе држави.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr