Светското наследство во рацете на младите

Во изминатата учебна година 2011/2012 нашето училиште беше дел од проектот на УНЕСКО насловен “Светското наследство во рацете на младите“. Истиот се состоеше од низа работилници и теренски активности во четири области: идентитет, животна средина, туризам и мир. Во рамки на активностите на проектот учествуваа околу 30 ученици од мешан етнички состав под водство на четири професори, а активностите на нашето училиште беа насочени кон кањонот Матка како можеби најзначајно природно и културно наследство во околината на Скопје. Финалниот дел од овој проект, во кој учествуваа 10 училишта од Република Македонија, се одржа на 20-21.05.2012 година во МКЦ – Скопје.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr