Проект за мир – Италија 2012

На 07.05.2012 во Падова, Италија се одржа Меѓународниот Конгрес на Проектот за Мир за 2012 година.На него земаа учество приближно 2500 ученици од голем број на  училишта од целиот свет.И оваа година беа доделени посебни признанија во три категории, и тоа: училишта од северна Италија, училишта од јужна Италија и училишта надвор од Италија,поточно целиот свет.

Во третата категорија, и годинава како и минатата година, првото место го понесе училиштето „Здравко Цветковски“ од Скопје,како училиште-координатор на Проектот за Мир во Македонија.Ова посебно признание се доделува врз основа на целокупната ангажираност и успешност во реализација на сите активности кои во текот на годината сите земји ги добиваат од Тревизо, Италија, каде се наоѓа централното седиште на проектот.Тие во текот на годината постојано ја следат работата на сите земји-учеснички и на овој главен меѓународен собир се доделуваат наградите.

„Минатата година кога за прв пат го добивме приматот, ние ветивме дека тоа ќе ни претставува само поттик за уште поуспешна иднина.Тоа и го докажавме годинава со добивањето на првото место во конкуренција со целиот свет!“-изјави Директорката на СГГУ „Здравко Цветковски“, Г-ѓа Драгица Костадиновска.

Но годинава сме добитници на уште една награда на која сме особено горди, а тоа е освојувањето на второто место за најуспешна уметничка точка преку која се пренесува порака за мир. За прв пат во историјата на Проектот за мир оваа награда се доделува на училиште надвор од Италија.

Нашата држава ја претставуваше група од 18 ученици од повеќе средни училишта од цела Македонија кои настапија со танцувачки театар насловен како „Кажи ДА на мирот“.

„За време на целиот настап и по завршувањето, целата сала со повеќе од 2500 гледачи во публиката стоеше на нозе, ни аплаудираше и го извикуваше името Македонија.Тоа е доживување кое не се опишува.Веднаш по настапот зад сцена ни пријде основачот на Проектот за мир, Г-динот Џузепе Провенцале кои ни честиташе, велејќи ни дека сме толку многу добри што ги правиме сите други да се чувствуваат премногу инфериорно во однос на нас и дека иако постојат 23 години, сепак дојде време тие да учат од нас.“-со премногу емоции ни изјави Дијана Виденовиќ, главен коориднатор на Проектот за Мир за Македонија.

 

 

 

 

 

 

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr