Второ годишно собрание на проектот за мир

На 25.04.2012 год. во МКЦ се одржа Второто Годишно Собрание на Проектот за мир. На него учествуваа 12 средни училишта од Македонија кои се претставија со свој перформанс преку кој требаше да пренесат порака за мир. Свој настап имаа и учениците од основното училиште „Ј.Х.Песталоци“, а дечињата од градинката „Наум Наумовски-Борче“ пак, се претставија со своја изложба.
На ова Годишно Собрание присуствуваа многу значајни претставници од Министерството за образование и наука на Македонија, од Градот Скопје и од повеќе значајни образовни институции, како и Амбасадорот на Италија, Г-динот Фабио Кристијани кој и ја отвори целата манифестација.
Особена чест ни претставуваше што годинава пристигна и основачот на Проектот за мир, Г-динот Џузепе Провенцале, кој пристигна со група од 50 ученици и професори од Тревизо, Италија. Ни гостуваше уште една група на ученици од областа Пуља, Италија, како и група на ученици и професори од Албанија. Манифестацијата беше проследена од повеќе медиуми и од сите беше оценета со највисоки оценки во однос на концептот и организацијата.
  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr