Урбана култура: Посета на градот Велес

Во рамки на програмата по проектната активност ‘Урбана култура’ на ден 19.11.2011 година беше реализирана еднодневна посета на градот Велес. На оваа екскурзија учествуваа вкупно околу 100 ученици од нашето училиште, под водство на 6 професори. Превозот беше организиран со воз, по претходен договор со Македонски Железници.

 

Посетени беа повеќе значајни културни знаменитости во градот Велес и тоа: црквата Св.Пантелејмон, гробот на Миле Поп Јорданов, куќата на Касапови и Кочо Рацин, ликовната колонија ‘Папрадишки мајстори’ и музејот на градот Велес. За крај следуваше посета на манифестацијата ‘Питијада 2011’ и мала закуска на некои од штандовите.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr