Концерт за мир

На 7 мај 2011 година во Градскиот парк, на "Школка" во ораганизација на нашето училиште се одржа "Концертот за мир" на кој учествуваа бендови од повеќе скопски училишта. Повод за овој концерт е непрежалениот наш другар Мухамедали Јашари чија смрт ужасно не потресе, но ни го покажа патот кон мирот, другарството, толеранцијата и љубовта.
Ни остави тој аманет со последните запишани зборови во писмената по македонски:
"Имам една желба – сега сме матуранти. НоЌта на матурата сакам сите да се дружиме и да играме со сите другари, да уживаме. Таа ноќ да ја памтиме цел живот. И кога Ќе го завршиме школото, кога ќе се видиме, да правиме муабет и да се сеќаваме на таа ноќ. Тоа е мојата желба за мене и за другарите. За мене животот продолжува..."
  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr