Јашари Мухамедали

На 20.4.2011 во училиштето СГГУ “Здравко Цветковски” се одржа уште еден меморијален настан по повод насилната смрт на ученикот Јашари Мухамедали. Во спомен на соученикот, во организација на училишната заедница, беше засадено црешово дрво во дворот на училиштето. Младата фиданка претставува спомен на младоста пресечена во својот цут. Соучениците и професорите на покојниот Јашари, како и учениците-гости од соседното училиште “Георги Димитров” го удостоија овој чин и уште еднаш му оддадоа почит на мртвиот другар.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr