СНАЈДИ СЕ СО СТРУЧНО-промоција на стручното образование и занимања

На 25.10.2019 нашето училиште беше домаќин на почетокот на проектот „Снајди се со стручно“ чија цел е промоција на стручното образование и занимања и мотивација на младите да градат кариера во овој сегмент.

На настанот беа присутни премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, амбасадорката на Швајцарија во РСМ, Сибил Сутер Техада и директорот на УСАИД во РСМ, Ерик Јановски. Заедно со другите гости тие беа во можност да ги посетат кабинетите со настава по стручните предмети.

Реализацијата на кампањата за промоција на стручното образование и занимања е финансирана од Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, Фондот за иновации и технолошки развој и Програмата за развој на Обединетите нации, со поддршка од Меѓународна организација на трудот.

  • Delicious
  • Digg
  • E-Mail
  • Facebook
  • Google Buzz
  • LinkedIn
  • StumbleUpon
  • Twitter
  • Tumblr