ИЗВЕШТАЈ од одбележување на Недела на хигиенизација и имунизација во СГГУГС ,,Здравко Цветковски,,-Скопје

Во рамките на месецот на здравјето и хигиената, во СГГУГС „Здравко Цветковски“ по повод одбележување на Светската недела на хигиенизација и имунизација се реализираше онлајн работилница под мотото ,,Хигиена-лична обврска за колективно здравје“. За таа цел, ученици од прва, втора и трета година гимназиско и стручно образование изработија креативен материјал (слики, плакати, постери) и видео презентација која беше поставена на YouTube каналот и на facebook страната на училиштето. Видеото беше споделено на сите ученици на 27.4.2021 година точно во 9:30 часот од страна на предметните професори по повод оддбележување на Светската недела на имунизација.

Линк до видеото: https://youtu.be/QY74PY_8bYQ

Професори вклучени во оваа активност беа:

Анета Саздовска (ментор)

Радица Николовска (ментор)

Инџи Хајредин (ментор)

Јулија Карамитрова-Огненоска (ментор)

Јасмина Лековска (ментор)

Оливера Чобонава (ментор)

Техничка обработка:

Софиа Димитровска (ученик)

Читање на текст:

Неда Лековска (ученик)

Во рамките на одбележување на Светската недела на имунизција, ученици од паралелките I-1, I-2 и I-4 под менторство на проф. Елена Стефановска изработија пп презентации и едукативни материјали1, со цел подигање на јавната свест за важноста од навремена имунизција. Изработените презентации, учениците имаа можност да ги презентираат за време на часовите по предметот биологија на 29.4.2021 година.

Како дел од одбележувањето на Светската недела на имунизација, едукативниот материјал од ЦКРСМ Општинска организација Карпош, беше испратен и до секој класен раководител, при што истите имаа можност да го презентираат на учениците за време на класните часови.

Со спроведување на наведените активности, СГГУГС „Здравко Цветковски“ успешно ги одбележа Светската недела на хигиенизација и имунизација.

Извештајот го подготви:

м-р Елена Стефановска

Директор:

Атина Томовска

1 *Дел од презентациите имате можност да ги погледнете како прилог