ЛИНК ЗА ВИДЕО

Месец април е месец на хигиенизација и имунизација.Црвениот крст во периодот од 08-15 април 2021 година ја одбележи неделата на хигиенизација под мотото “Хигиената-лична обврска за колективно здравје”. Промоцијата на хигиената е основен дел од активностите за вода и санитација на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Целта е да се зголемува свеста за јавното здравје и превенција на болести поврзани со лошите хигиенски практики. Правилната хигиена на рацете има клучна улога и суштинско значење во контрола и превенција на КОВИД-19 пандемијата. Светската недела на имунизација се одбележува секоја година во последната недела од април – има за цел да промовира употреба на вакцини за заштита на луѓето од болести. Имунизацијата спасува милиони животи секоја година и е широко признаена како една од најуспешните здравствени интервенции во светот. Користејќи ја темата „Вакцините нè зближуваат“, Светската недела на имунизација 2021 промовира поголем ангажман околу имунизацијата на глобално ниво, за да се истакне значењето на вакцинацијата во зближување на луѓето и подобрување на здравјето и благосостојбата на сите. Учениците од СГГУГС„Здравко Цветковски“ се вклучија во активностите по повод неделата на хигиенизација и имунизација.Нивните креативни идеи и изработки проследете ги во видеото„Хигиена,превенција и имунизација-Ковид 19“ Слики и видео материјали: ученици од I,II,III година гимназиско и стручно образование- ментор: Анета Саздевска,Оливера Чобанова,Радица Николовска и Инџи Хајредин Монтажа и обработка: Софиа Димитровска А1в, ментор Јулија Карамитрова Огненоска Текстот го читаше:Неда Лековска А1в