Креативна работилница + Хуманитарна акција = Супер настан бр. 2

По повод празникот Рамазан Бајрам, на 19.04.2023 год., во нашето училиште се одржа креативна работилница на која околу 30 ученици од македонските и албанските паралелки заедно цртаа и украсуваа колачиња.
Овој пат гости и обучувачи ни беа нашите пријатели од Sweet things (https://www.facebook.com/profile.php?id=100028543285325) кои ги донесоа сите потребни материјали и не научија како се прави бојата за колачињата, како тие се бојат и како потоа се украсуваат со техниката стенсил.
Учениците ја изразија својата креативност, со задоволство учествуваа во активноста и украсија околу 80 колачиња.
Овие колачиња понатаму беа изложени во Наставничка канцеларија каде вработените во училиштето можеа да ги купат, по цена – доброволна донација за помош на 19-годишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево, општина Гази Баба кој боледува од карцином на коските.
Активноста ја организираа Марија Боева – проф. по англиски јазик, Мартина Самболец – училишен психолог, Мелита Чаушоска и Висар Исени – професори по ликовна уметност.