На 21 март е Светски ден на лицата со Даунов синдром!

Со оглед на состојбата со пандемијата и неможноста за одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром со физичко присуство, по иницијатива на специјалниот едукатор и рехабилитатор Невенка Трајановска, во соработка со учениците М. Р. и А. П., направивме кратко видео на тема:
21 факт за лицата со Даунов синдром“.
Целта на ова видео е запознавање со општите карактеристики и потребите на лицата со Даунов синдром, како и подигнување на свеста кај сите луѓе за оваа категорија на лица кои треба да бидат рамноправни граѓани на нашето општество и да ги уживаат истите права и должности како и сите останати!