Дел од матурантите од нашето училиште на ден 29.3.2021г. имаа можност да присуствуваат на предавање на големиот писател проф. д-р Венко Андоновски, кој зборуваше за драмите „Црнила“ од Коле Чашуле и „Диво месо“ од Горан Стефановски.

Настанот го организираше и координираше професорот по Македонски јазик и литература м-р Стево Павловски во соработка со Катедрата по македонска книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“-Скопје.

На учениците им се обратија и проф. д-р Искра Тасевска Хаџи-Бошкова и проф. д-р Кристина Николовска кои зборуваа за студиската програма на факултетот.