На 08.03.2021, во просториите на СГГУ на ГС “Здравко Цветковски” се одржа креативна работилница по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, на која присуствуваа 18 ученици.

Работилницата започна со претставување на одговорните лица и со игра на запознавање на учениците.
Следеше мал вовед во темата, при што се разговараше за потешкотиите на жените низ светот и се раскажа мала историја за празникот.
Креативните активности се состоеја од:

Рачна изработка на цветови;

Цртање, сликање и претставување на ликовни творби на темата;

Читање есеи / поезија / пароли за правата на жената;

По завршувањето на креативните активности следеше мала дискусија и споделување на лични искуства – случки од секојдневниот живот во кои учениците биле сведоци за потешкотиите и пречките на жените. Се даваа идеи и предлози од страна на учениците како да се изборат обесправените жени за своите права.

На крај донесовме заклучок дека правата на жената се човекови права.

По проследувањето на оваа работилница учениците:

Развија креативни вештини;

Се запознаа со потешкотиите со кои се соочуваат жените низ светот;

Научија нешто повеќе за историјата на празникот;

Се запознаа и остварија контакти со ученици од други класови;

На учениците и одговорините лица кои беа присутни на работилницата им беа врачени сертификати за учество.

Одговорни лица за одржувањето и организирањето на работилницата беа: Мартина Самболец – училишен психолог, Невенка Трајановска – специјален едукатор и рехабилитатор; Мелита Чаушовска – професор по Ликовна уметност; Марија Боева – професор по Англиски јазик; Емилија Јовановска – професор по Историја; Билјана Тодоровска – професор по Македонски јазик и литература.