Во нашето училиште се одржа средба со претставници на Град Скопје за остварување на заеднички часови преку настава со најмалку два мајчини јазици.

Овој вид на настава е дел од нашето училиште повеќе години и секоја година ни дава можност да се запознаеме меѓусебно, да создадеме здрави начини на комуникација и соработка и да излеземе посвесни за тоа дека не постојат разлики помеѓу нас.

Учиме заедно и растеме заедно на сите полиња!