Секоја година месецот октомври е познат низ светот како месец за подигнување на јаваната свест за дислексијата, затоа сакаме да ве запознаеме повеќе со потребите и битките на лицата со дислексија. Дислексијата е една од најчестите потешкотии во учењето (специфични тешкотии во читањето). 5 до 10 % од популацијата во светот има дислексија, додека 70-80%  од оние кои имаат потешкотии со читањето имаат една форма на дислексија. Дислексијата не е болест и сосема нормално може да се живее и функционира со оваa потешкотија.