- Наставниците во средното училиште доаѓаат во 7.30 часот за прва смена, односно 13.00 часот за втора смена, за да го организираат влегувањето на учениците согласно распоредот на училиштето.
- Половина од паралелките од прва смена пристигнуваат во училиште најдоцна до 7,45 часот, а втората половина најдоцна до 8,00 часот. Во втората смена половина од паралелките пристигнува во 13,15 часот, а втората половина најдоцна до 13,30 часот.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите 5 влеза во училишната зграда со распоред за секоја паралелка.
- Главен влез,
- Влез од северна страна/Партизанска помеѓу училна бр 5 и училна бр 6,
- Влез од јужна страна помеѓу Кариерен центар/просторија просторија бр 10 и помошна архива/ просторија просторија бр 9,
- Влез во ново крило,
- Посебни 2 влеза во работилниците.
(секоја помошна просторија, кабинетот по природни науки, АРТ центар, надворешна сала кои се надвор од училишната зграда имаат посебен влез)
- Наставниците ги користат двата влеза
- Службен влез
- Влез од страна на просторот предвиден за пушачи.
- Наставата за прва смена започнува во 8,00 часот, односно во 13,00 часот за втора смена.
- Се организира задолжително дежурство во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метри
- Задолжиително почитување на минимум потребното растојание при чекање ред пред и внатре во училиштето.
- Дежурството се организира пред влез и внатре во училиштето и тоа: 1 наставник пред секој влез 1 наставник на влезот и 2 наставници во ходник.
- Во училиштето е воведен систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во училиштето. Сите вработени и ученици задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар.
- На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училиниците и другите простории.
- На секој влез од училиштето учениците дежурнот наставник се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете со дезинфикационо средство.
- На сите ученици и на сите вработени при влезот во училиштето им се мери телесна температура и во случај на зголемена температура ( над 37,4) вработениот, односно ученикот се упатува на матичен лекар.
- На влез во училиштето, во ходниците и во училиниците се поставуваат едукативно информативни материјали за заштита на здравјето и безбедоност во училиштето.
- Влегувањето во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски за сите вработени и ученици, освен кога се училишниот двор со задолжително одржување на дистанца.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравување меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
- Времетраењето на наставниот час е 35 минути. После секој наставен час се користи мал одмор во траење од 5 минути, а после третиот час голем одмор во траење од 15 минути кој е под надзор на класниот и предметниот наставник.
- Учениците големиот одмор од 15 минути го користат за излегување надвор од училницата согласно распоредот на училиштето, одморот е предвиден за доручек/ручек на учениците. (Се препорачува носење на храна од дома).
- Наставата во училница се изведува со најмногу до 20 ученици во училница и задолжително физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
- За реализација на практичната настава и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети и истите ги истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.
- Забранет е влез на родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително почитување на мерката за физичка дистанца, носење на заштитна маска и задолжителна дезинфекција на рацете.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку онлајн апликација, која што ќе ја договорат родителите и наставниците.
- Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и почитување дистанца за време на наставните часови.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и со дезинфекциско средство.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведено чистење и дезинфекција.
- Ходниците, скалите и останатите заеднички простории се чистат за време на наставата и по завршување на сите училишни активности.
- При посета на библиотека, просторија за спорт и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, да нема можност за мешање на ученици од различни пралелки за што училиштето однапред подготвува распоред.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови препорачливо е да се остават отворени прозорци за време на наставниот час.
- Треба да се избегнува влегување на други лица во училниците се додека учениците се наоѓаат во нив,
- Во училниците се забранува влегување на лица кои не се вработени во училиштето или ученици кои не се од училиштето.
- Испораките за потребите на училштето ја преземаат надлежните, вработени во училиштето од споредните (службени) влезови на училиштето, со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете, заштитна маска и доколку е потребно носење заштитници на обувките.
- Ако ученик развие симптоми на Ковид-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето и да се консултираат со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од Ковид-19, се следат протоколите од Министерството за здравство, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.