1. Учениците задолжително ја применуваат државната унифицирана платформа според насоки дадени од наставниците.
  2. Учениците се должни да присуствуваат на онлајн наставата и да се придржуваат според распоредот  на часови и смени.
  3. Ученикот во онлај наставата се вклучува навремено.
  4. За секое отсуство (неприклучување) наставникот води евиденција во пишаниот дневник .
  5. Секој изостанок за кој ученикот/родителот нема оправдување се регулира како неоправдан изостанок.
  6. Неоправданите изостаноци се регулираат согласно Правилникот за изрекување на педагошки мерки.
Писмена опомена
7-10 од класен раководител
10-15 од совет на на паралелка;
15-20 од директор
20-25 опомена пред отсранување
25-30 отстранување од училиште
  • Учениците активно учествуваат во онлајн наставата, навремено ги извршуваат задачите и да ги доставуваат до наставниците во предвидениот рок.
  • Во текот на реализацијата на онлајн наставата учениците се должни да ги почитуваат насоките од наставниците во техничкиот дел (вклучување на тон споделување на завршената задача…)
  • За време на наставата треба да се однесуваат со почит кон наставникот и своите соученици.
  • Учениците за време на онлајн наставата дебатираат само за она што е поврзано со наставната единица.
  • Учениците не смеат:
  •  да започнуваат меѓусебна комуникација надвор од наставата;
  • да користат емотикони (смајли)
  • да користат кратенки (lol, tnx…)
  • да користат непристојни изрази
  • да превземаат туѓи содржини/трудови  (на пр. домашна задача, проект, програм и сл.)
  • самоволно да ја снимаат и споделуваат наставата, да сликаат и споделуваат слика.
  • Во случај на недисциплина, непримерно однесување кон наставниците и другите ученици во паралелката, нарушување и попречување на онлајн наставата, наставникот води евиденција во дневникот за работа и се постапува согласно Правилникот за изрекување на педагошки мерки.
  • Согласно Планот и Протоколот од МОН учениците во договор со наставниците се должни во мали групи со физичко присуство да ги реализираат предвидените тестирања, писмени работи и да ги достават изработените елаборати, проекти и програми.
  • Учениците кои немаат технички услови за следење на наставата (компјутер, смарт телефон или интернет) должни се да ги известат класните раководители и да побараат печатен материјал.