Содржина:
– Уписни рокови и термини
– Пријава за запишување и потребни документи
– Правилник за однесување

УПИСНИ РОКОВИ И ТЕРМИНИ
Уписите за учебната 2020/2021 во СГГУГС „Здравко Цветковски“ ќе се одвиваат во следните уписни рокови:
Прв уписен рок:
Резултатите од првиот уписен рок се објавени на следните линкови:
Стручно образование – македонски наставен јазик
Гимназиско образование – македонски наставен јазик
Стручно образование – албански наставен јазик
Втор уписен рок
Резултатите од првиот уписен рок се објавени на следните линкови:
Стручно образование – македонски наставен јазик
Гимназиско образование – македонски наставен јазик
Стручно образование – албански наставен јазик
Трет уписен рок
Стручно образование – македонски наставен јазик
Гимназиско образование – македонски наставен јазик
Стручно образование – албански наставен јазик
За ученици упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување:
24 август, 2020 година
При запишувањето потребно е да се достави доказна документација.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Со цел да се намали потребата за физички контакт и задржување во просториите на училиштето, за запишување во СГГУ „Здравко Цветковски“ потребно е да ја испечатите и пополните Пријавата за упис во учебната 2020/2021 пред да дојдете во училиштето.
Пријавата можете да ја најдете на следниот линк:
Пријава за упис
За помош при пополнувањето, Ве молиме симнете го упатството за пополнување на пријавата.
Останати документи (се носат во училиштето при упис)
- пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја печати и пополнува дома);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
ПРАВИЛНИК НА ОДНЕСУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА УПИСИТЕ
Со оглед на настанатата ситуација со КОВИД-19, СГГУГС „Здравко Цветковски“ ќе применува посебен режим на движење и однесување во рамките на училишниот двор и внатрешните простории. Овие мерки вклучуваат:
- Секој ученик треба да дојде со претходно пополнета Пријава и целоснат документација, согласно претходната точка (Потребни документи);
- Влезот во училиштето се ограничува само на учениците кои се запишуваат (без придружба од родител), освен кога
- За ученик кој е спречен од оправдани причини, се овозможува влез на еден родител/старател;
- Носењето на заштитна опрема, маски и ракавици е задолжително;
- Постојано одржувајте физичко растојание од минимум 2 метри од лицата околу вас;
- Носете свое пенкало;
- Следете ги насоките за движење, почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте еден по еден во училиштето (т.е. откако редарот ќе ви дозволи);
- Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето;
- Влезот на ученици во училиштето ќе биде ограничен – молиме за трпение и одговорно однесување надвор од училиштето.
Ви благодариме!