На Средно Водно во Скопје, во организација на ЗГ „Сфера“ Скопје, под слоганот „Заедно во природа“ се реализира шестото издание на „Средношколските игри“.И оваа година учествувавме на манифестацијата со забава и натпревари.Нашите ученици се натпреваруваа во различни дисциплини,притоа освоија:

– Прво место-златен медал на натпревар по технички вештини под менторство на порф. Доротеа Трајановска

– Второ место-сребрен медал на натпревар за фотогрфирање и

– Трето место-бронзен медал на натпревар за цртање под меторство на проф. Мелита Чаушовска.

Овие активности имаат за цел развивање на толеранција помеѓу тинејџерите,почитување на другите(без разлика на етничка припадност,училиште),порака за здрав живот и да ги поттикнат средношколците да развијат свесност за неопходноста од престој во природата.