Семинар – Ангажирање на Мали и Средни претпријатија во учење базирано на работа 2019

-European Alliance for Apprenticeships-

-Fourth Regional Seminar for Candidate Countries-

Ангажирање на Мали и Средни претпријатија во учење базирано на работа 2019

На дводневниот семинар кој се одржи во Хотелот Хилтон се зборуваше како да се мотивираат малите и средните предпријатија да прифаќаат ученици од средните училишта за да извршуваат практична настава .Првото обраќање беше на Министерот за образование и наука,кој ја престави ситуацијата во нашата држава и зошто е потребно оваа идеја да се реализира.Во текот на семинарот преставниците од европските држави ги споделија своите искуства,како практичната настава е регулирана во нивните држави.На крај следеше излагања на преставници од Србија , Албанија , Црна Гора и Турција , како во овие држави ја реализираат практичната настава и како ги решаваат проблемите со кои се соочувааат.Нашите ученици имаа можност да ја образложат потребата за практичната настава во средните училишта,што мислат дека е потребно да се вклучи во практичната настава и предлози како да се реализира тоа.