Средното градежно гимназиско училиште оваа година прослави седумдесет и пет години од своето формирање, развој и растеж. Седумдесет и пет години училиштетп „Здравко Цветковски “ го честува името на својот патрон. Седумдесет и пет години живее спменот на Здравко, кој се пренесува од генерација на генерација.

Здарвко Цветковски е роден во Скопје на 5 ноември 1921 година. Основното образование и четири класа гимназија завршил во Скопје, а потоа во 1936година заминал во Белград каде се запишал во средното техничко училиште- Архитектонски отсек. Во 1940 го завршил средното образование.

За време на неговиот престој во Белград, активно се вклучил во напредното средношколско младинско движење уствувајќи во разни штрајкови и демонстрации против ненародниот режим.

Во 1939 година станал член на СКОЈ, а во 1940 година пред нападот на Југославија се вратил во Скопје и се поврзал со движењето кое се подготвувало за настанот кој следи, т.е. окупацијата на државата.Веднаш по окупацијата, Здравко е меѓу првите младинци во Скопје кој работи на организирање на младината. Активно учествува и во формирањето на првиот партизнаски одред во Скопска Црна Гора. Подоцна, тој бил задолжен за работа на партиската техника, што издава билтен и печатела директиви за работа на првите партизнаски одреди.

Есента 1943 г. бил уапсен, но сепак пред фашистичката полиција никого не предал. Во април 1944 г. заминал во партизани, каде што како борец на третата ударна македонска бригада учествувал во нејзиниот марш од Козјак до Солун. На враќање, на 1 Јануари во борбите кај Три Води, близу до Костурно, Струмичко, Здравко загинал од непријателски минофрлач.

Кон крајот на 1944г. , кога борбата за ослободување на Македонија од окупаторите беше во полн ек, на ослободената територија во село Горно Врановци на 3 Ноември 1944г. , највисокиот орган на народната власт на Македонија АСНОМ донесе одлука за формирање на првото македонско Средно техничко училиште. Решението за основање на првото македонско училиште беше бурно поздравено од делегатите и пристутните на првиот конгрес на македонските инженери и техничари одржан во месец мај 1945г. во Скопје.

На овој конгрес покрај другите решенија, е донесена и одлуката Средното техничко училиште да го носи името на загинатиот борец-партизан Здравко Цветковски, архитектонски техничар од Скопје.

Нека е честит и вековит 75 патронен празник на нашето училиште !