Продолжи го своето општо образование во гимназија која ти нуди тимска и пријателска атмосфера и добиј поддршка во секој чекор од твоето образование!

Што значи да избереш гимназиско образование?

Гимназиското образование трае четири години и ти овозможува да се насочиш кон едно од изборните подрачја, кадешто ќе ги негуваш своите афинитети преку изучување на предмети кои најмногу те привлекуваат.

Наставниот план и програмите имаат општообразовен карактер и се надоврзуваат на знаењата и вештините стекнати во основното образование.

Наставниот план е обликуван со задолжителни и изборни предмети, како и проектни активности.

Гимназиското образование се заокружува со полагање на државна или училишна матура.

Што ќе учиш во гимназија?

Наставните планови за гимназиското образование се универзални и опфаќаат предмети кои ќе ти помогнат да ги збогатиш своите општообразовни познавања.

Еве како истите изгледаат:

Гимназиско образование

ПРВА И ВТОРА ГОДИНА

ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА

Во трета и четврта година, почнуваш да се насочуваш кон подрачјето кое го имаш избрано за време на уписите!
Тоа значи дека ќе учиш предмети потесно сврзани со твоите интереси, како и со професионалната иднина која ја имаш зацртано за себе.

Сепак, без разлика на насоката која ја имаш избрано, има одредени предмети кои остануваат задолжителни за сите насоки:

ИЗБОРНИ ПОДРАЧЈА ВО ТРЕТА И ЧЕТВРТА ГОДИНА

Изборните предмети се групирани во три подрачја со по две комбинации на предмети:
Природно-математичко подрачје
Општествено-хуманистичко подрачје
Јазично-уметничко подрачје

Најмалиот број на ученици за кои може да се организира настава за една изборна комбинација изнесува 17 ученици или половина од дозволениот број на ученици во една паралелка.

Природно-математичко подрачје

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика
Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, биологија

Општествено-хуманистичко подрачје

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, историја
Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, историја

Јазично-уметничко подрачје

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, историја
Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, историја

Повеќе информации ќе најдете на официјалната веб страница на Бирото за развој на образованието (БРО).