Од стручното образование, ние нудиме тригодишно и четиригодишно образование од секторот градежништво и геодезија во струки кои те подготвуваат за професијата уште од прва година. По завршувањето на стручното образование, можеш веднаш да се вработиш или да продолжиш на универзитет во насоката која ја имаш избрано.

Четиригодишно образование

Стручните образовни профили со траење од четири години ти овозможуваат изучување на професија со која можеш да напредуваш понатаму на универзитет или веднаш да се вработиш по завршувањето. Тие вклучуваат:
– Архитектонски техничар
– Техничар дизајнер за внатрешна архитектура
– Градежен техничар
– Геодетски техничар

Тригодишно образование

Стручните образовни профили со траење од три години ти овозможуваат изучување на одредена вештина или занает, по што можеш веднаш да започнеш со работа во некоја фирма или да отвориш сопствен бизнис. Тие вклучуваат:
– Монтер за сува градба
– Ѕидар и нанесувач на малтери
– Поставувач на плочки и подови
– Одржувач на чадоводна инсталација

Секаде кадешто се гради, реновира, или, просто, кадешто живеат луѓе ќе има потреба од овие професии кои нудат добра заработка и загарантирана иднина.

✓ Напредокот и развојот на секоја држава зависи од развојот на стопанството.

✓ Градежништвото во Македонија е во подем.

✓ Градежни фирми и проектантски бироа имаат потреба од квалитетен, современ и квалификуван кадар.

✓ Според новите закони, работа во таквите претпријатија може да добијат само оние кои ќе ја имаат вистинската квалификација.

ШТО МОЖЕШ СО СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО СГГУГС „ЗДРАВКО ЦВЕТКОВСКИ“?

✓ Без разлика на изборот на средното образование (четиригодишно), со положувањето на државната матура можете да се запишете лесно на било кој технички факултет.
✓ Имате можност за менување на струката и довршување на тригодишното образование.
✓ Можност и за вонредно образование.

За потребите на современиот начин на проектирање учениците се обучуваат да ги користат софтверите за проектирање AUTOCAD, ARCHICAD и TOWER во текот на целото образование во сите квалификации. Дополнително, во зависност од струката која ја имате избрано, ќе имате пристап до најсовремената технологија и материјали кои се употребуваат во струката.

СТРУКИТЕ КОИ МОЖЕШ ДА ГИ УЧИШ КАЈ НАС

ЧЕТИРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

АРХИТЕКТОНСКИ ТЕХНИЧАР

Архитектурата е креативна професија, која ти дозволува да дадеш лик на новото, каде и да си. Ние тука учиме тимски, работиме тимски, и создаваме уште од самиот почеток. Како архитектонски техничар, тука ќе научиш како да проектираш и учествуваш во изградбата секакви видови на градби и ќе можеш да продолжиш со солидна основа на Архитектонскиот факултет.

✓ Најубавото во овие паралелки е тимското работење, при што учениците работат тимски и се дружат.

✓ Цртањето е најзастапено на часовите и се работи под менторство на професорот.

✓ Можност за искажување на идеите преку цртежи и нивна просторна реализација.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

ТЕХНИЧАР ДИЗАЈНЕР ЗА ВНАТРЕШНА АРХИТЕКТУРА

Имаш идеи за како еден простор може да се распореди и да изгледа идеално? Тука ќе научиш како тие идеи да ги развиеш во целост и да ги реализираш на најефикасен начин. Како техничар дизајнер за внатрешна архитектура, можеш веднаш да започнеш со работа по завршувањето или да се запишеш на факултет за внатрешна архитектура и дизајн.

✓ ДИЗАЈН
✓ КРЕАЦИЈА
✓ ИНОВАЦИЈА
✓ УМЕТНОСТ

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР

Запознај се со основите на градежништвото, учествувај во изведбата и проектирањето на објекти, патишта, мостови, железнички линии, водовод, како и други важни општествени структури, врши надзор над изведба на објекти од високоградба и нискоградба и вклучи се во практична работа на објекти и во фирми. Професијата градежен техничар е една од најважните професии во градежништвото. По завршување на образованието како градежен техничар, можеш да продолжиш на Градежниот факултет или веднаш да почнеш да работиш во својата област.

✓ Учествувај во проектирање на објекти од нискоградба, високоградба и хидроградба.
✓ Директно учествувај во изградбата на објектите од висока, ниска градба и хидроградба.
✓ Врши лабораториски испитувања и подготвува соодветни технички документи.
✓ Учествувај во проектирање и изградба на објекти отпорни на земјотреси.
✓ Организирај уредување на дворови, паркинзи и тротоари.
✓ Врши надзор на изведба на објекти.
✓ Врши лабораториски испитувања.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

ГЕОДЕТСКИ ТЕХНИЧАР

Геодезијата е наука која се занимава со се што гледаш околу себе. Геодетите се потребни во многу области: вршење премер и мапирање на земјиште за изградба на објекти, изработка на геодетски елаборати за потребите на катастарот, па се до мерење и давање димензија на секој релјеф, воздухот, и водените тела. Како геодетски техничар, можеш веднаш да се вработиш во геодетска фирма, да започнеш свој бизнис, или да продолжиш со образованието на Градежниот факултет.

Геодетот врши премер и изработува мапи за потребите на:
✓ Катастар
✓ Градежништво
✓ Рударство
✓ Индустрија

Можност да научите да работите со современи геодетски инструменти и дрон за геодетски потреби.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

ТРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ

МОНТЕР ЗА СУВА ГРАДБА

Како монтер за сува градба, во нашето училиште имаш можност да научиш како да работиш со гипсани плочи – кнауф. Оваа насока е целосно поддржана од Кнауф – Радика, кои понатаму можат и да ти пружат можности за вработување. Исто така, по завршување на стручното образование, ќе можеш да започнеш сопствен бизнис.

✓ Образование со многу практична настава.
✓ Струка која се повеќе се бара во Македонија!

Нашето училиште соработува со Кнауф – Радика, претпријатие кое ја опреми нашата работилница и секогаш ни помага со материјали за практична настава.
И што е најважно, КНАУФ помага да се вработат нашите ученици.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

This image has an empty alt attribute; its file name is 1234963_610879765631376_1404018129_n.png

ЅИДАР И НАНЕСУВАЧ НА МАЛТЕРИ

Оваа професија е потребна секаде кадешто се гради, како и кадешто се врши преуредување на внатрешен или надворешен простор. Со завршување на оваа струка, ти си во можност веднаш да се вработиш или да започнеш сопствен бизнис.

✓ Образование со многу практична настава.

✓ Работа со материјали кои се употребуваат во современите градежни активности.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

ПОСТАВУВАЧ НА ПОДОВИ И ПЛОЧКИ

Како поставувач на подови и плочки, ти ќе бидеш во можност да се вклучиш кон занает кој е многу побаруван и добро платен. Практичната настава која ние ти ја нудиме ќе ти овозможи да стекнеш важни стручни знаења и да ги примениш веднаш штом завршиш во некоја од многуте фирми кои ја бараат оваа професија или во сопствен бизнис.

✓ Образование со многу практична настава.

✓ Работа со материјали кои се употребуваат во современите градежни активности.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика

ОДРЖУВАЧ НА ЧАДОВОДНА ИНСТАЛАЦИЈА

Потребата за одржувачи на чадоводна инсталација е се поголема, бидејќи чиста чадовна инсталација значи чист воздух. Во последните години, Град Скопје дури овозможуваше субвенции за секој кој ќе најми одржувач на чадоводна инсталација за својот дом.

✓ Високо практична настава

✓ Вработи се веднаш по завршувањето или започни сопствен бизнис.

Предмети од важност при рангирање за упис:
мајчин јазик, странски јазик, математика, физика